Не се знае која е поубава: Овие 5 божествени фустани ги носеше Кити Спенсер на венчавката од бајките

27 јули, 2021
325417_profimedia0619701299_ff

Лејди Кити Спенсер, ќерка на Чарлс Спенсер и внука на принцезата Дајана, се омажи за 31-годишниот богаташ Мајкл Луис. Прославата се одржа во вила во близина на Рим и не е доволно да се каже дека сè беше чудесно, од амбиентот до венчаницата.

Викторијанската венчаница со потпис на Долче и Габана Кити ја носеше како принцеза и изгледаше совршено: бела тантела, огромен шлеп, паф ракави …

Тоа не беше сè кога станува збор за стајлингот на Кити. Една венчаница, колку и да е елегантна, не беше доволна! Кити се преоблече уште 4 пати и покажа уште 4 божествени фустани од модниот бренд чие лице е токму таа.

Како изгледаа другите Д & Г фустани на убавата Кити?

Прво, ноќта пред венчавката, Кити носеше светлосин фустан од линијата Алта Мода, со цветни мотиви и накит што го комплетира впечатокот:

По церемонијата, таа носеше свилен фустан украсен со украси од везени цвеќиња и кристали, во кои доминираше зелената боја.

Вечерната забава беше повод Кити да донесе коктел фустан со златни и сребрени детали, а наредниот ден дојде редот на бајковит фустан украсен со цвеќиња, светки …

Кој ви е омилен?

escort - Korsan taksi