„НЕ ТРЕБА ДА ТЕ ВИДИ ВАКВА”: Бритни Спирс изведе срамен ТАНЦ за Џастин Тимберлејк, фановите ја молат да престане!

30 јануари, 2021
285399_profimedia0481184474_ff

Со месеци публиката апелираше за помош на пејачката, бидејќи нејзиното однесување е многу невообичаено, а некои велат дека итно и треба психијатар.

Поранешната поп-sвезда Бритни Спирс на својот Инстаграм профил сподели видео во кое танцува на песна од Џеј Зи, „The Holy Grail“, во која вокалите се на Џастин Тимберлејк.

Под изненадувачкото видео, пејачката го означи Џастин и со тоа предизвика бура од реакции.

Бритни и Џастин ја раскинаа својата тригодишна врска во 2002 година.

„Танцував на оваа песна во ролка, ролките се како мене”, рече Бритни на видеото каде што игра.

„Го чекаме коментарот на Џастин“, „О Боже, го означи“, напишаа обожавателите, а некои се загрижени за Бритни.

„Се молам за тебе“, „Не го означувај, тој не треба така да те гледа“, „Општо, ова изгледа како да танцува пред огледало, не знаејќи дека ја снимаат и ќе заврши на Интернет “, „Ова станува сè поболно за гледање.“, „Ова е толку страшно“, „Таа не е добро“, се само некои од коментарите.

escort - Korsan taksi