Неизвесно до самиот крај: Марија и Мите воодушевија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

28 јуни, 2021
гранд

Во саботата (26.06.2021)  се одржа финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезона 2019/2021 година, а победатa ја однесе Махир Мулалиќ кој беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Самото финале до самиот крај беше напнато, неизвесно, интересно, а победникот беше избран од страна на публиката.

Оваа година имаше и двајца македонски преставници кои се покажаа во одлично светло. Имено, Марија Груевска од Битола и Мите Стоилков од Скопје не само што ги собраа гласовите од публиката, туку и жирито.

Груевска како и секојпат, така и сега имаше оригинален настап во музичкото шоу, па не остави никој рамнодушен.

Исто така, и Мите овој пат имаше посебен перформанс на сцената на Гранд за време на изведбата на неговите две песни од првиот круг.

Двајцата македонски претставници се пласираа во вториот круг.

Како течеше емисијата, така стануваше се понапнато и поинтересно, па на зачудување на многумина, некои од кандидатите кои важеа за фаворити, испаднаа од натправрувањето и не се пласираа до полуфиналето на финалето.

Марија испадна, додека пак Мите се пласираше во четвртиот круг и се бореше со четирите најдобри кандидати Исак, Махир и Валентина.

По завршувањето на четвриот круг,  Стоилков го освои четвртото место во музичкото шоу, Валентина се најде на 3то место, Исак на 2то место, а Махир со над 100 000 гласови се најде на 1во место.

По завршувањето на музичкото шоу, Мите се огласи на својот Инстаграм и откри дека е пресреќен и презадоволен, а исто така се заблагодари на сите кои гласеа за него.

Инаку, со влегувањето во финалето во „Ѕвездите на Гранд“, македонските претставници добија 9 годишен договор со Гранд продукција.

Преземено од vistina.com.mk