Нејзиниот стајлинг беше пофален од модните критичари: Познатата американска актерка во фустан полн со цвеќиња (ФОТО)

15 јули, 2021
profimedia-0621649165-2048x1479

Креација на која не можете да останете рамнодушни

На Канскиот филмски фестивал, познатата актерка Шерон Стоун ја воодушеви публиката со фустан полн со цвеќиња.

Славната актерка дојде на премиерата на филмот и по тој повод ја прошета нејзината комбинација.

Таа избра гламурозен фустан на италијанското дуо – Долче и Габана.

Фустанот што го носеше за оваа пригода е светло син, полн со везени цвеќиња со голи рамена.

Актерката Шерон Стоун ги воодушеви дури и модните критичари со оваа креација, а поради фустанот со денови е една од главните теми на овој фестивал.

Актерката го коментираше фустанот на својот профил на Инстаграм, велејќи „Соништата се направени од ова“. Шарон покрај стајлингот носеше и дијамантски обетки, а од шминка имаше црн креон.

escort - Korsan taksi