Нејзиниот татко кој е свештеник го смислил целиот концепт за настапите: Марија Груевска приреди светски спектакл во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

25 јуни, 2021
marija

 Марија Груевска настапуваше во полуфиналната вечер на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, младата пејачка настапуваше во дуел со Мустафа Мехиќ.

Младата битолчанка се претстави со песните „Веруј у нас“ и „Остачу слободан“.

Како и секогаш, Груевска имаше оригинален настап, и секогаш на сцената излегува со различна модна комбинација која го остави жирито без зборови.

Марија на сцената на Гранд се појави со свеќи на рацете кои гореа во текот на нејзината изведба.

На крајот резултатот беше 6:6, па по прогласувањето Марија доби предност.

Драган Стојковиќ Босанац, имаше само убави зборови за нашата претставничка.

„Откако сум во „Ѕвездите на Гранд“, немам  видено ништо поубаво, комплетно, интересно, ќе те повикам на мојата златна свадба да ми отпееш две балади“ – изјави композиторот.

„Јас гласав за кандидатот број 1 затоа што ти ова што го направи вечерва, пораката која ја пренесе, ја би те прогласил за Министер за надворешни работи на Македонија“- изјави Ѓорѓе Давид за Марија.

Груевска истакна дека целиот концепт за нејзините настапи ги смислува нејзиниот татко кој е свештеник.

„Марија не те разбрав најдобро што кажа, целиот овој концепт го смислува татко ти? Значи сѐ ова го смислува твојот татко? Па овде е јасно дека нема со твојот ментор туку со тебе и твојот татко“ – изјави Карлеуша.

„Дали твојот татко е музичар?“ – праша Ана Бекута.

„Свештеник“- одговори Груевска.

Вики исто така имаше пофални зборови за македонската претставничка.

Менторот на Марија, Мили истакна дека Марија со сигурност ќе се впише во историјата на „Ѕвездите на Гранд“ затоа што таа досега, а и во следните години е единствена пејачка која во една песна пет пати го сменила тоналитетот.

Инаку, во полуфиналето настапуваше и Мите Стоилков кој е под менторство на Вики Миљковиќ. Тој исто така се пласираше во финалето на музичкото шоу.

Финалната вечер ќе се одржи во сабота, а публиката е таа што ќе го бира победникот со СМС пораки.

Настапот на Марија погледнете го видеото подолу на 54:40

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi