НИКАДЕ МИР: За само неколку месеци, полицијата чукнала на вратата на Меган и Хари дури 9 пати!

9 април, 2021
Screenshot_72

Во до неодамна тивкиот град Монтесито во Санта Барбара, откако принцот Хари и Меган Маркл се доселија пред неколку месеци, мирот и тишината станаа во заборав. На некои жители веќе им е преку глава од „новите нормални ситуации“ во областа. Хари и Меган не се ни гледаат во јавноста, а самото нивно присуство ги полудува соседите. Но, не заради нив, туку заради нападот на папараците кои не се откажуваат од обидот да ја фотографираат кралската двојка. Сепак, сега е познато дека не станува збор само за папараците, туку и за полицијата, која пристигнала на нивната адреса дури девет пати за неколку месеци.

Шерифот во округот Санта Барбара, според официјалните податоци, морал да одговори на девет телефонски барања, од кои некои биле поради активирање на аларм и кривични дела како што се обид за влез во имотот. Податоците се добиени според законот за слобода на информации од новинската агенција ПА.

Извештаите докажуваат дека офицерите биле повикувани четири пати во јули минатата година, откако Хари и Меган се преселиле во Лос Анџелес во Санта Барбара. Според ПА, еден повик бил наведен како телефонско барање, додека другите биле означени како „активирање на аларм“ и сите се случиле во раните утрински часови. Следниот повик се случил на Бадник, откако непознат маж бил забележан на нивниот имот.

„Сега е познато дека станува збор за 37-годишниот Николас Брукс, кој во тоа време беше притворен за прекршочна пријава за попречување на имотот и наскоро беше ослободен“, соопшти канцеларијата на шерифот. Последниот повик беше на 16 февруари годинава во 14,21 часот и беше наведен како активирање на аларм. Дека безбедносниот страв е присутен, открија и во интервјуто со Опра Винфри.

Да потсетиме, Санта Барбара беше избрана затоа што Хари и Меган сакаа помирна и помала околина. Судејќи според фотографиите на ова место, тие го избраа совршеното место. „За прв пат од раѓањето на Арчи, тие се чувствуваат како дома“, потврди гореспоменатиот извор.

meghan i harry