Никогаш попровокативна Софија Вергара: Во овој стајлинг, кој остава малку на фантазијата, сѐ уште не сме ја виделе (ФОТО)

19 септември, 2021
1536856

Латино убавицата и една од најплатените ТВ sвезди се појави во нетипично издание за неа.

Актерката со раскошни облини на тесно миди здолниште со препознатлив цветен дезен на италијанското модно дуо Долче и Габана, носеше провокативно, црно чипкасто боди, што остава малку на фантазијата. Ѕвездата на „Модерно семејство“ предизвикувачкиот стајлинг го зачини со неизбежни платформи, модел од кој не се откажува без оглед на трендовите, и розова чанта од D&G.