„Никогаш повеќе нема да носам градник, па нека ми висат до папокот! Познатата актерка беше брутално искрена, ги воодушеви жените со својот став
14 јули, 2021
Не можам, жал ми е, но не можам повеќе, е познатата изјава од „Досие Икс“
Ја паметиме како агент на ФБИ, Дејна Скали од култната серија „Досие Икс“, а во моментов ја гледаме во одличните серии „Круна“ и „Сексуално образование“.
Актерката Џилијан Андерсон им се обрати на фановите на Инстаграм, таа не носеше градник и вели дека повеќе нема ни да носи!
“Јас сум мрзлива, не носам градник повеќе. Не можам, жал ми е, но не можам повеќе. Не ми е гајле дали градите ќе ми висат до папокот, премногу ми е (пцовка) непријатно “, рече симпатичната актерка.
Андерсон освои два Златни глобуси, и штотуку е номинирана за Еми, за улогата на Маргарет Тачер во серијата.