Николас Кејџ исфрлен од ресторан: Бил пијан и едвај облечен, сите мислеле дека е бездомник

24 септември, 2021
nikolas-kejdz

Ова не е првпат актерот да биде фатен пијан во јавност

Холивудскиот актер Николас Кејџ бил исфрлен од елитен ресторан, а очевидци велат дека сето тоа се случило бидејќи изгледал како бездомник.

Имено, списанието „The Sun“ објави видео на кое се гледа како обезбедувањето на ресторанот го исфрла Кејџ.

Присутните за споменатиот магазин изјавија дека актерот пиел виски и текила, а потоа станал агресивен. На видеото се гледа како седи на кауч во леопардски панталони и апостолки, а потоа почнува да вика.

– Бевме во тој бар кога забележавме човек за кој првично мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Бевме шокирани кога подоцна се покажа дека е Николас Кејџ. Тој беше целосно уништен и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и одеше бос. Персоналот ни кажа дека пие текила и виски. Викаше по луѓето и се обидуваше да се пресмета, а потоа персоналот го замоли да си замине – рекоа сведоци.

– Беше толку пијан што едвај ги облече апостолките пред да го испратат. На крајот, еден од гостите на ресторанот го однесе дома – додаваат тие.

Ова не е првпат актерот да биде снимен пијан во јавност. Во март 2019 година, тој беше снимен како вика додека аплицира за дозвола за брак во судница во Лас Вегас. Тогаш се ожени со својата четврта сопруга, Ерика Коике.

Четири дена по венчавката, тој побара поништување, тврдејќи дека бил пијан и не знаел што прави.

Во февруари оваа година, тој се ожени по петти пат, исто така во Лас Вегас, со 30 години помладата Рика Шибат.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris