НИШТО ОД СМИРУВАЊЕТО СО БРАТОТ „Меган го повлече Хари назад во Америка“

3 јули, 2021
profimedia-0391538924

И иако многу се шпекулираше дали враќањето на Хари дома, исто така, ќе биде можност за разделените браќа да ја смират својата врска, се чини дека тоа не се случило.

Пред два дена, на 1 јули, денот кога, да беше жива, принцезата Дајана ќе го прославеше својот 60-ти роденден, во градината на палатата Кенсингтон беше откриен споменик во чест на никогаш не прежалената Лејди Ди. На церемонијата на инаугурацијата присуствуваа синовите на принцезата, принцовите Вилијам и Хари, а за годишнината од роденденот на неговата мајка, помладиот принц пристигна од Америка една недела порано. И иако многу се шпекулираше дали враќањето на Хари дома ќе биде исто така можност за разделените браќа да ја смират својата врска, се чини дека тоа не се случило, бидејќи 36-годишникот, наводно, веќе отпатувал назад во Америка.

Според магазинот „Хелоу“, по откривањето на споменикот, Хари се качил во авион и полетал кон Монтесито, каде го пречекале неговата сопруга Меган Маркл и нивните малечки – двегодишниот Арчи Харисон и едномесечната Лилибет Дијана. И иако постои можност ова брзо заминување од Велика Британија да било планирано, споменатите медиуми пишуваат дека поранешната актерка „спонзорирала“ сè. „Вујкото на Меган почина за време на отсуството на Хари од Соединетите држави и таа го принуди сопругот веднаш да се врати да биде со неа во овие тешки моменти“, изјави неименуван извор за медиумите.

Meghan Markle

Токму поради горенаведеното, принцовите наводно не успеале да ги измазнат односите, а единствениот заеднички момент бил оној на откривањето на споменикот каде што, според експерт за говорот на телото, тие се однесувале како вистински браќа. Нивниот јазик на телото беше скоро идентичен, тие се огледуваа еден со друг што ја докажува нивната длабока поврзаност. На моменти не можеа да ја сокријат својата нервоза и се виде дека беа многу внимателни затоа што беа свесни дека луѓето ќе го читаат нивниот јазик на телото. Немаше размена на мали, мрачни погледи или нешто слично“, објасни експертот за британските медиуми.