Нокаут со нов сингл, одличната „Шал“ е вистинско музичко освежување

10 март, 2021
nokaut

Охрид, 10. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Нокаут издадоа нов сингл, песната „Шал“ која е вистинско музичко освежување.

Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов и Никола Перевски- Пере, а текстот е дело на Игор Џамбазов. Песната е снимена кај Роберт Билбилов во неговата „Just RB Production“, а видео спотот е повторно дело на охриѓанецот Јован Куциноски и неговата Motion Emotion Production.


По победничката песна од последниот фестивал „Макфест“ „Сакам да живеам“, „Шал“ е само продолжување на одличните синглови на групата „Нокаут“, за чија музика „виновници“ се Никола Перевски – вокал и гитара, Горјан Петровски – гитара, Борче Кузмановски – клавијатура, Виктор Николовски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани, Горан Кавраков – саксофон и Миa Перевска – пратечки вокали.

Преземено од ohridpress.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris