Ноне со топлес поздрави од бродската палуба: Пејачката се врати на работа или само одлета на туристичка (аван)тура по океанот? (ФОТО+ВИДЕО)

25 јуни, 2021
none

Корона пандемијата како полека да се стишува, мерките попуштија, па многумина тоа го искорисија својот живот да го вратат во нормала. Меѓу сите нив и некогашната македонска пејачка, Ноне Неделковска.

Но „џепната венера“ и покрај некои најави за враќање, не се задржа во музичката сфера, туку „отплови во непознати води“, онаму каде што последните години пред корона пандемијата ја најде својата среќа и својот мир, работејќи на прекуокеанските крузери кои пловат по морската шир!

Штом се создадоа услови, „најшетаната велешанка“ ги „собра парталите“, ги спакува куферите и повторно замина од Македонија. Или поточно – одлета, овој пат во непознат правец, за да заплови на непозната дестинација.

Пасошот и авионскиот билет на готовс, со автомобил до аеродромот, а потоа… Според сите протоколи – авионче бело крило, вака убаво оддамна не ми било… Или што би рекла самата Ноне, додека низ авионскиот прозорец над облаците задоволно бдее:  „ Да го гледам ова, никогаш нема да ми здодее“.

Дестинацијата на екс пејачката – непозната, како и целта на нејзиното најново патување: Туристичко уживање или ново вработување?

Се разбира како и досега, на еден од големите прекуокеански крузери со кои Ноне откако го напушти родното огниште, сиве овие години пловеше преку океани и мориња, од пристаниште до пристаниште…!

А штом стапна на крузерот, прво што направи малечката сирена беше да се соблече…

Заради акумулирање на сончеви зраци, уживање во морската глетка и клима или на општо изненадување… Зради топлес поздрави од бродската кабина… Или поточно, палуба!

Испружена на бродскиот под на терасата, бомбастичната велешанка го сподели сиот свој телесен раскош, особено бујните атрибути по кои е препознатлива и не можат да се скријат, иако се обиде да ги сокрие, како и лицето кое убаво не ѝ се виде.

Ама Ноне не можеш да ја промашиш и да сакаш… Зашто има нешто специфично, заштитен знак кој како кај никој друг, веднаш ти упаѓа во видокруг!

По топлес поздравот на Ноне од бродската палуба, дилемата е друга:  Пејачката се врати на работа па со бродската кабина го замени станот или одлета само на туристичка (аван)тура по океанот?

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi