Нов СКАНДАЛ во кралското семејство: Принцот Хари наводно јавно ја извреѓал кралицата Елизабета и принцот Чарлс

20 мај, 2021
prince-charles-prince-harry-dna-bombshell-not-father

Вестите од дворецот во Велика Британија не се добри. Кралското семејство е повторно под напад по интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари, во кое тие го обвинија кралското семејство за расизам кај Опра Винфри.

Поточно, овој пат директно принцот Чарлс, и индиректно кралицата Елизабета. Имено, како гостин во емисијата „Armchair expert“, воден од актерот Дакс Шепард, принцот Хари зборуваше за својата врска со принцот Чарлс, неговиот татко, и по тој повод зборуваше за методите на воспитување на неговиот татко, како и за фактот дека никогаш не чувствувал дека припаѓа на кралското семејство.

По тој повод, тој откри и дека врз неговото гледиште влијаел многу неговиот став, како и набљудувањето на неговата сопруга Меган Маркл. Кралското семејство е шокирано од неговата изјава.

Хари го помина скоро целото шоу уверувајќи ја водителката и јавноста дека е ист како и другите луѓе, па затоа јавноста во Велика Британија сега се прашува зошто Меган и Хари ги задржаа своите титули ако се толку згрозени, а многумина се на мислење дека треба да им се одземат титулите, бидејќи не ги извршуваат своите кралски должности.

Prince Harry & Prince William not yet buried the hatchet; Prince Charles  'still fuming' over Oprah interview? | PINKVILLA

„Татко ми се однесуваше кон мене како што се однесуваа неговите родители“, рече Хари, додавајќи дека неговиот живот е мешавина од Труман шоуто и одењето во циркус, и дека тој и Меган се преселиле во Монтесито, Калифорнија за да ја прекинат низата на генетска болка.

Јавноста во Велика Британија е бесна од овие изјави, бидејќи на овој начин беше нападната и кралицата, како и принцот Филип, кој неодамна почина.

Британскиот новинар Пирс Морган го коментираше ова интервју.

„Уште колку пати овој разгален човек јавно ќе го посрамоти својот татко кој го поддржуваше цел живот“, напиша Морган на Твитер.

escort - Korsan taksi