НОВА ДРАМА ВО ХОЛИВУД Односот помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит е сѐ поскандалозен, сега се борат и за имот од 160 милиони долари!

23 септември, 2021
Screenshot_1

Наводно, како дел од нивниот договор, имало ставка за која мора да се консултираат еден со друг пред евентуална продажба

Илјада хектари француски имот делат Анџелина Џоли (46) и Бред Пит (57) кој порано имаше посебно значење за парот, бидејќи таму ја одржаа тајната венчавка во 2014 година.

Анџелина сега е обвинета дека се обидела да ја продаде својата половина без да го извести Бред, како и првата понуда да го купи.

Имотот вреди 164.000.000 долари, а поранешните сопружници станаа рамноправни сопственици дури кога Бред префрли 10% од акциите во сопственост на Анџелина, па тие повеќе беа во износ од 60-40.

Наводно, како дел од нивниот договор, имало ставка за која мора да се консултираат еден со друг пред евентуална продажба, што Анџелина не ја испочитувала.

Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, по што двојката доби заедничко старателство над петте деца кои сѐ уште не се полнолетни. Анџелина сака да има целосно старателство, а моментално трае и борбата  на тоа поле меѓу поранешните сопружници. Заедно со нивниот син Медокс (19), тие имаат и 5 малолетници: Пакс (17), Захара (16), Шило (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

escort - Korsan taksi