Нова тужба против Менсон за силување, овој пат го тужи и ѕвездата од „Игра на тронови“: Ја тепал со камшик, ја дрогирал и ја чувал без храна!

1 мај, 2021
Merilin-Menson

Актерката тврди дека Менсон ја силувал во периодот од 2009 до 2011 година

Англиската актерка Есме Бјанко (38), која се прослави во серијата „Игра на тронови“, поднесе тужба против нејзиното поранешно момче, музичарот Мерилин Менсон (52), за силување и насилно однесување кон неа.

Есме претходно објавуваше јавно обвинувања за злоупотреба, откако актерката Еван Рејчел Вуд, која му беше свршеница, прва зборуваше за тоа во јавноста, а Бјанко е 15-та жена што го обвини славниот музичар за злоупотреба.

Актерката тврди дека Менсон ја силувал во периодот од 2009 до 2011 година, а во еден дел од тужбата се наведува дека тој „ја принудил да изврши сексуални дејства со дрога и под закана на сила“.

– Со мешање во постапката за издавање на визата на г-ѓа Бјанко, г-дин Менсон успеа да ја контролира г-ѓа Бјанко, заканувајќи се дека ќе ги повлече своите врски доколку не се согласи – се наведува во тужбата.

Во тужбата се споменува и дека тој сексуално ја искористил додека била „во несвест или во состојба во која таа не може да се согласи на такво дело“.

Таа исто така рече дека Менсон за време на сексот ја удрил, гризнал, камшикувал ѝ го исекол задникот, градите и гениталиите без нејзина согласност.

Како што пишува во тужбата, можеби најстрашна работа е што ја врзал за радијаторот и ја удирал со камшик, за кој со гордост вели дека го користеле нацистите.

Таа побегнала од куќата на Менсон во јуни 2011 година, додека тој спиел. На ова му претходеше инцидент кога Менсон со секира ја бркал околу куќата.

Актерката вели дека има посттрауматско стресно нарушување, анксиозност, депресија и напади на паника. За тоа зборуваше за прв пат во 2019 година, но не сакаше да открие за кого станува збор.

Лома Виста Рекордингс неодамна го раскина договорот со Мерилин Менсон откако пет жени го обвинија за сексуално злоставување, тортура, па дури и силување.