НОВИ ИНФОРМАЦИИ ГО ЗБУНИЈА СВЕТОТ: Кевин Спејси обвинет за злоупотреба на МАЛОЛЕТНИК, а потоа следуваше неочекуван ПРЕСВРТ

15 мај, 2021
193879_profimedia0336794776_ff

Судската постапка против актерот Кевин Спејси, во која се наведува дека тој сексуално нападнал тинејџер, ќе биде одбиена.

Имено, станува збор за граѓанска постапка, а наводниот напад се случил во осумдесеттите години од минатиот век, бидејќи обвинителот одби да го открие неговиот идентитет.

Според странските медиуми, федерален судија минатата недела пресуди дека човекот, идентификуван во судските документи како Ц.Д, кој тврди дека Спејси сексуално го нападнал кога имал 14 години, мора јавно да го открие неговиот идентитет, за да може случајот да се стави во процес, но тој не се согласува со тоа.

Адвокатите на обвинителот во четвртокот доставија писмо до судот во Њу Јорк, во кое го известија судијата за одлуката и се согласија да го отфрлат случајот поврзан со Ц.Д.

– Како што претходно го информиравме Судот, Ц.Д верува дека тој не е во состојба да ги издржи контролата и упадот во неговиот живот доколку се открие неговиот идентитет во овој случај – напишаа адвокатите Ричард М. Стигман и Питер Џ. Сагир.

– Всушност, дури и одлуката на Судот за ова прашање охрабри повеќе вести во сите форми на медиуми, како на национално така и на меѓународно ниво. Ненадејното несакано внимание што ќе предизвика откривањето на неговиот идентитет е едноставно премногу за него – рекоа адвокатите.

Актерот Ентони Рап, кој се придружи на Ц.Д. во граѓанската постапка против Спејси, тврди дека актерот имал несакан сексуален контакт со него кога имал 14 години. Инцидентот наводно се случил во куќата на актерот во 1986 година.

Да потсетиме, откако започнаа обвинувањата кон Кевин Спејси, тој ја изгуби улогата во серијата „Куќа од карти“ и призна дека е хомосексуалец, и оттогаш не снимал ниту работи нешто.