Објава од минатото откри што Меган Маркл прави кога ќе се напие премногу, на Кралицата сигурно не би ѝ се допаднало ова

6 јануари, 2021
Screenshot_3

Пред да се сретне со принцот Хари, Меган Маркл водеше блог каде отворено зборуваше за нејзиниот приватен живот.

Меган Маркл беше многу поотворена за јавноста пред да го запознае принцот Хари, а британските медиуми сега објавија за некои детали од нејзиното минато.

Имено, Меган имаше блог наречен „The Tig“, кој го избриша, но некои работи сепак останаа запаметени. Актерката има напишано за нејзиниот приватен живот, патувањата и нејзините недостатоци кои таа решава да ги промени на почетокот на секоја нова година, но често се бори кога да го стори тоа.

“Пцујам кога работам премногу напорно или кога се чувствувам храбро по неколку пијалоци. А кога станува збор за грицкање на ноктите, го правам тоа за време на бурен авионски лет или стресен ден. Тоа воопшто не е ѝ доликува на дама, но не е ниту пцуењето. По ѓаволите” истакна Меган во еден пост.

Станува збор за текст што го напишала во 2016 година, годината кога се запознала со принцот Хари и истакна дека решила да му пристапи на животот на поинаков начин и да си постави предизвици. Таа објасни дека ќе биде позаиграна и ќе ја пушти магијата во нејзиниот живот.

“Мојата новогодишна резолуција е да оставам простор за магија. Направете планови и бидете добри ако некои од нив не се остварат. Ќе поставам цели, но ќе бидам отворена за промена. Ве повикувам да го сторите истото. Имајте убава, блажена и неверојатно магична 2016 година. Толку сум благодарна што сум со вас на ова возење “, напиша Маркл на блогот што го затвори, но архивските верзии на Интернет останаа.

Инаку, оваа Нова година Меган ја помина со својот сопруг, принцот Хари и нивниот син Арчи во нивната куќа во Санта Барбара.

escort - Korsan taksi