ОБОЖАВАТЕЛИТЕ РАЗОЧАРАНИ: Саманта дефинитивно НЕМА да ја видиме во серијата „Сексот и градот“, а еве КОЈ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ

6 мај, 2021
212085_129277-profimedia0303819264-ls_ff

Серијата „Сексот и градот“ беше премиерно прикажана во 1998 година и веќе со првата епизода постигна светски успех.

Популарноста на приказната за животот на четири њујорчанки продолжува и денес, па фановите беа воодушевени од веста дека ќе бидат снимени 10 нови епизоди. Но, без Саманта, затоа што Ким Катрал одби да се појави. Се подготвува нова реализација, но за Ким не доаѓаше во предвид да ја прифати понудата да игра во продолжението на серијата, бидејќи е во кавга со преостанатите три главни актерки.

Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким Катрал во новата продукција, каде таа одби да игра поради расправија со своите колешки.

Според странските медиуми, сите три актерки се црни, со цел да ја прикажат 2020 година од 21от век во Њујорк. Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким во оваа легендарна улога, па многумина коментираат дека нема да го гледаат ниту продолжението на оваа веќе култна серија, која ќе се вика “And just like that…”.

Серијата ќе се снима на крајот на пролетта како дел од HBO Max. Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон повторно ќе ги играат истите улоги, а тие ќе бидат и извршни продуценти на серијата.

Инаку, оваа популарна серија, која има и две филмски продолженија, се снимаше во шест сезони и има 94 епизоди. Уште во 2007 година беше прогласена за најдобра серија на сите времиња и освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

escort - Korsan taksi