ОД ПЛАЖА ДИРЕКТНО ВО ТЕРЕТАНА! Никол Шерцингер ја покажа извајаната фигура во минијатурно БИКИНИ и предизвика лавина реакции! На некои луѓе НЕ им се допадна оваа сцена! (ФОТО)

28 август, 2021
991-ratio-nikol-shercinger

Го покажа секој мускул на своето тело!

Никол Шерцингер (43) направи интензивен тренинг во салата облечена во минијатурно бикини што повеќе открива отколку што покрива. Таа го покажа секој мускул на своето тело – изведува кардио вежби на стационарен велосипед, тука се и теговите, за напорни вежби што го зајакнуваат телото.

Таа документираше се во видео кое го објави на Инстаграм, а многу познати личности не останаа рамнодушни на нејзината објава, па коментираа: „Никој не е фит како тебе“, и напиша пејачката Наташа Бедингфилд.

– Ок, значи сега вежбаме во бикини. Повторно ја крена скалата. Одам да спијам, утре ќе се занимавам со ова. Фала Никол. Изгледаш лудачки добро – и порача актерката Лаверн Кокс.

Сепак, многу од нејзините следбеници беа изненадени и забележаа многу други работи во ова видео.

„Ова е повеќе позирање“, „Добро, разбравме, згодна си, сега облечи се во опрема за тренинг“, „Претерува“, се некои од негативните коментари.

escort - Korsan taksi