Одамна не сме ја виделе: Русокосата во кожен минич блеска од среќа поради нејзината свршувачка

25 февруари, 2021
1414509 (1)

Парис Хилтон, позната џетсетерка и успешна деловна жена некогаш беше главна тема на сите таблоиди, а потоа се повлече од јавноста

Парис Хилтон (40), некогаш славна девојка за забава, сега живее многу помирен живот, а неодамна објави дека се вери со своето долгогодишно момче Картер Реум.

Русокосата убавица не ја крие среќата заради нејзината нова љубов, а среќната двојка отиде на вечера во познат ресторан во Малибу за прв пат откако ја објавија свршувачката.

За оваа пригода, Парис се дотера од глава до пети, пленејќи погледи во целосна црна комбинација што ги истакнуваше нејзината руса коса и тен.

Таа внимателно ја стилизираше својата долга коса и не заборави на модните детали кои се меѓу најпопуларните од почетокот на глобалната пандемија: заштитна маска, а Парис се одлучи за парче украсено со светки.

Четириесетгодишната Парис не се омажила порано, а таа била свршена трипати: со моделот Џејсон Шау, грчкиот џетсетер Париз Латсис и актерот Крис Зилка.

Во претходно интервју, Парис откри дека во декември славеле една година врска, а Картер ја запросил ден пред Денот на вљубените.

escort - Korsan taksi