Ограбена Бијонсе: Украдени предмети во вредност од над 1 милион долари, вклучително и фустанот кој го носеше на доделувањто на Греми наградите

30 март, 2021
beyonce-2-830x0

Познатата пејачка се најде на мета на провалниците

Популарната пејачка Бијонсе (39) овој месец беше мета на разбојници двапати, а беа украдени и нејзините предмети во вредност од над милион долари.

Имено, три единици за складирање во Лос Анџелес, кои пејачката ги изнајмила со цел да чува скапоцености, беа провалени двапати овој месец.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес им соопштил на новинарите дека крадците избегале со скапоцени предмети кои претежно ѝ припаѓаат на Бијонсе, вклучувајќи многу скапи чанти, чевли и фустани.

Тие исто така зедоа детски играчки и фотографии на еден нејзин стилист, а меѓу другото е и славниот фустан врежан во дијаманти, што Бијонсе го носеше на Греми наградите.

Досега немаше апсења за овој случај, а полицијата сè уште истражува кој е вмешан.

Патем, Бијонсе не е првата поп-sвезда што е ограбена на овој начин. На почетокот на годинава беше ограбена и Мајли Сајрус.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris