Опра за насилството и злоупотребата во детството: „Лузната се отвори и ми го раскрвари фустанот“

30 април, 2021
434ec656-dfb8-4e01-a26c-7a098c0d8ff0

Водителката Опра Винфри гостуваше во емисијата на д-р Оз и ги раскажа траумите што ги доживеала како дете. Живеела во Мисисипи, а семејното насилство било дел од нејзиното воспитување.

„Спиев во кревет со баба ми кога среде ноќ дедо ми влезе во собата и започна да ја дави баба ми со рацете, а таа врескаше. Таа го оттурна и истрча од собата, јас по неа. После тоа, таа стави стол под рачката и околу столот ќе врзеше неколку лимени конзерви и така спиевме секоја вечер, слушајќи да видиме дали лименките ќе штракаат и што ќе се случи ако рачката се помести “, рече Опра. За време на интервјуто таа ги задржуваше солзите.

Покрај нејзиниот дедо, нејзината баба понекогаш била насилна. Еднаш, Опра носела вода од бунар и чукала со прстите врз водата. Нејзината баба била лута што си играла со вода за пиење, па ја удрила со камшик по грбот.

„Кога подоцна се облекував за да одам во црква, една лузна ми се отвори на грбот и ми го направи со крв фустанот“, се присетува водителката.

escort - Korsan taksi