Општа брканица околу изборот на убавина: Победничката заврши во болница со скршена глава

7 април, 2021
95568871606ca493c61c8894508483_w640

Пушпика де Силва ја освои титулата „Мис Шри Ланка“, но неколку моменти после тоа сè се промени.

Добитничката на најважната награда за убавина во Шри Ланка се здоби со повреди на главата по неверојатниот пресврт на настаните на крајот од церемонијата. Имено, гледачите кои оваа недела го следеа натпреварот за убавина во живо на националната телевизија, беа сведоци на бизарното прогласување на победничката.

Победник беше Пушпика де Силва, која беше крунисана како „Мис Шри Ланка“. Сепак, само неколку моменти подоцна, победничката на изборите во 2019 година се појави на сцената, го грабна микрофонот и рече дека Пушпика не може да ја носи круната затоа што е разведена, а тоа е спротивно на изборните правила.

Поранешната кралица на убавината Каролина Јури потоа отиде до Пушика, и ја симна круната и ја стави на главата на друга натпреварувачка.

Револтираната Пушпика се сврте и демонстративно ја напушти сцената.

Ден потоа беше објавено дека Пушпика е примена во болница затоа што тврди дека има повреди на главата, а по инцидентот страдала и од тешка депресија.

По несаканиот исход на вечерта, организаторите и се извинија на засрамената победничка и и ја вратија титулата бидејќи утврдиле дека се разделила со сопругот, а не се развеле.

А, колку е важен овој избор на убавина во оваа земја, можеби најдобро го покажува фактот дека сопругата на премиерот, исто така, го следеше изборот во живо.

escort - Korsan taksi