Оскаровка повредена при експлозија за време на снимање на филм

7 февруари, 2021
profimedia-0219992280

И покрај мерките на претпазливост, голема количина стакло одеднаш се распарчи, а Џенифер Лоренс по експлозијата легна на земја, држејќи се за лицето.

Добитничката на најголемата филмска награда Оскар, 30-годишната актерка Џенифер Лоренс, беше повредена во експлозија за време на снимањето на претстојниот филм на Netflix „Не гледај горе“. Иако експлозијата беше планирана и контролирана, и покрај мерките на претпазливост, големо количество стакло одеднаш се распарчи, повредувајќи ја ѕвездата на филмската сага „Игри на гладот“.

Актерката лежеше на земја по експлозијата, држејќи го лицето, кога минувачите во Броктон, Масачусетс, ѝ притрчаа на помош. Извори од сетот кои сведочеле за тоа велат дека актерката била погодена од стаклото, но дека е добро и се опоравува. „Стаклото требаше да се распрсне во таа сцена, но не толку неконтролирано за да се повреди актерката“, рече тој и додаде дека снимањето е запрено по инцидентот.

Во филмот, Џенифер игра астроном кој тргнува на медиумска турнеја низ целиот свет за да го предупреди човештвото за астероид кој брзо се приближува до Земјата и следува неизбежен судир. Холивудските великани како Леонардо ди Каприо, Мерил Стрип, Џона Хил и Кејт Бланшет исто така глумат со неа во филмот „Не гледај горе“. Да потсетиме, актерката неодамна беше видена на прошетка со сопругот Кук Марони и веднаш стана јасно зошто ретко се појавува во јавноста во последно време. Имено, судејќи според папарацо-фотографиите, на кои таа се осмели да се покаже во јавноста како оди во светло-бел фустан што јасно го оцртува нејзиниот поголем стомак, многу медиуми претпоставуваат дека е бремена.

Холивудскиот пар е во брак помалку од една година, но не е тајна како размислуваа за деца на почетокот на врската. Со своето отсуство од јавноста пред нејзината улога во филмот на Netflix, актерката им даде причина на многу фанови да заклучат дека, по една година брак, решиле да „работат“ на семејните потомци.