ОТКАКО Е ВО ВРСКА СО МУЗИЧАРОТ, НЕЈЗИНОТО ОДНЕСУВАЊЕ Е СЀ ПО БИЗАРНО: Објавата на Кортни Кардашијан ги шокираше сите!

20 јуни, 2021
248673_profimedia0585693472_ls

Уште кога започна романса со тапанарот Тревис Бејкер, нејзиниот стил на облекување и однесувањето целосно се промени.

Најстарата сестра од познатото семејство Кардашијан-Џенер и тапанарот на групата „Блинк-182“ беа пријатели со години, а на почетокот на врската ја криеја својата љубов од очите на јавноста. По признанието, парот редовно ги објавува своите заеднички слики на социјалните мрежи и би се рекло дека не се грижат за критиките. Многумина коментираат дека тие се целосно некомпатибилни и дека Кортни се однесува сосема поинаку од кога е поврзана со него.

Ова мислење на луѓето следеше по низа бизарни акции и објави на социјалните мрежи. Имено, Тревис ѝ го честиташе роденденот на избраната споделувајќи видео во кое таа му го цица палецот.

„Не очекував вакво видео“, „Ова е Инстаграм, пријателе, а не порно-страница“, напишаа лути и шокирани следбеници.

И тоа е само едно во низата бизарни постапки на овој пар. За да ја докажат својата љубов, Кортни и Тревис сега направија нешто што многумина ги остави во шок.

Кортни објави бизарна фотографија на Инстаграм – ампула со крв, на која беше напишано името на нејзиното момче Тревис Баркер со црно пенкало, со датум на неговото раѓање на 14 ноември 1975 година.

Така, тие го продолжија бизарниот тренд на јавни личности, кои ја чуваат крвта на своите партнери во шишиња, околу вратот и слично. Оваа постапка предизвика лавина коментари, од кои многу беа негативни.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi