Откако ослабе 30 кг, актерката го откачи своето помладо момче!

3 февруари, 2021
слабее

Австралиската актерка и комичарка, 40-годишната Ребел Вилсон, минатата година одлучи да се ослободи од имиџот на смешна „дебела жена“ со кој се здоби со светска слава.

Таа се посвети на вежбање и започна здраво да се храни, а за помалку од една година успеа да изгуби 30 килограми. За време на таа трансформација, таа се вљуби во 25-годишниот Џејкоб Буш, богатиот наследник на најголемата американска пиварница вредна милијарди долари, која го произведува омиленото американско пиво „Бадвајзер“. Но, само по четири месеци романса и врска, актерката се чини дека повторно е сингл.

Откако таа во својот пост на Инстаграм напиша дека е самохрана жена, извор близок на актерката потврди за споменатиот портал дека навистина имало ненадејно раскинување, но дека точната причина сè уште не е позната. На фотографијата што ја сподели со објава на Инстаграм, Ребел е облечена во тексас фустан, жолт кардиган и потпетици и стои на скалите на приколка додека го снима филмот на кој работи во моментов.

escort - Korsan taksi