Откриена е вистинската причина за смртта на славниот Лери Кинг

29 јануари, 2021
larry-king-2-830x0 (1)

Станува збор за инфекција. Имше сепса. Во тој момент, тој конечно беше подготвен да замине – изјави неговата сопруга Шон Кинг

Легендарниот радио и телевизиски водител Лери Кинг (1933-2021) почина во саботата, 23 јануари, во болница во Лос Анџелес на 88-годишна возраст, а сега е откриена вистинската причина за неговата смрт.

Тој беше во брак со актерката Шон Кинг (61) скоро 25 години, а сега таа одлучи да ја отвори душата и да открие како изгледале последните денови на Лери.

– Додека тој беше во болница, разговаравме на Facebook. Тешко му беше да разговара, но најважно беше што ми рече: „Те сакам и чувај ги нашите момчиња“ – открила Шон во интервју за странски медиуми.

Двајцата се венчаа во 1997 година и во бракот ги добија двајцата синови, Шанс (21) и Конон (20), кои не можеа ни да го посетат поради пандемијата Ковид-19.

Иако поранешната сопруга на Лери, Џулија Александер, во едно интервју изјави дека причина за неговата смрт е корона вирусот, Шон тоа го демантираше.

-Станува збор за инфекција. Имше сепса. Во тој момент, тој конечно беше подготвен да замине. Знаете, тој никогаш не сакаше да замине, но неговото кревко тело веќе не можеше да издржи. Толку многу го погоди во последно време и кога го слушнавме зборот КОВИД -19, нашето срце застана – откри актерката и додаде.

– Лери и јас никогаш не сме се развеле официјално. Длабоко во себе, се надевав дека никогаш нема да се случи. На крајот, не е така. Бевме партнери во секоја смисла – работа, семејство. Бог и семејството се двете најважни нешта во мојот живот – вели таа.

Таа откри како на најсоодветен начин се простила од Лари во кругот на семејството. Начинот на кој тој го заслужи тоа.

2020 година беше многу тешка година за Кинг. Во период од три недели, тој изгуби две деца, неговиот син Енди, кој имаше 65 години, а почина од срцев удар и неговата ќерка Чаја, која почина од рак на белите дробови на 52-годишна возраст.

Во април минатата година, тој доживеа срцев удар во неговиот дом во Лос Анџелес, поради што лекарите го советуваа да не оди на погребот на неговите деца.

Да потсетиме, Лери имаше 8 брака и 7 поранешни сопруги зад себе, бидејќи двапати се ожени со Алин Акинс, а во тие бракови имаше и пет деца.