ОТКРИЕНИ УЖАСНИ ДЕТАЛИ: Вдовицата на Коби ги објави имињата на полицајците кои го фотографирале мртов, што не е многу мудар потег на органите на прогонот

18 март, 2021
vanesa brajant

Ванеса Брајант поднесе тужба против четворица полицајци кои се сликаа и разменуваа фотографии од посмртните остатанки на Коби Брајант.

Вдовицата на Коби Брајант, кој беше убиен во хеликоптерска несреќа со нивната 13-годишна ќерка Џиана и седум други членови на екипажот пред нешто повеќе од една година, поднесе тужба против округот Лос Анџелес, канцеларијата на шерифот во градот, противпожарната служба и четворица полицајци, кои се обвинети за нарушување на приватноста и небрежноста откако направиле и споделиле слики и снимки на нивните мобилни телефони од починатите деца, родители и тренерот .

Таа исто така бара казнена компензација за душевната болка, а во тужбата што ја објави на својот профил на Инстаграм се наведени и имињата на четворица официјални лица обвинети за учество во фотографирање на жртвите, како и за споделување на тие фотографии понатаму.

Во тужбата на Ванеса се наведени имињата на Џои Круз, Раул Версалес, Мајкл Расел и Рафаел Меја.

Во документите, Ванеса изнесе вознемирувачки детали за тоа како ја повикал шерифот Алекс Влануеву по несреќата и истакна дека се плаши дека местото на несреќата не било соодветно заштитено од фотографирање, по што тој ја уверил дека полициските службеници го обезбедиле местото.

Сепак, луѓето биле испратени да го заштитат местото од фотографирање на останките на Коби, неговата ќерка, како и другите членови на екипажот, каде што имаше и уште едно дете, го прекршиле неговиот авторитет и ги фотографирале телата со своите приватни телефони.

После тоа, тие размениле фотографии со пријателите, а според истрагата, се сомнева дека направиле помеѓу 25 и 100 фотографии, од кои ниту една не била со цел да ја испитаат несреќата. Најмалку десет полицајци добија фотографии во рок од 48 часа.

Раул Версалес и Рафаел Меија беа идентификувани како луѓе кои ги направиле фотографиите затоа што биле на самото место. После тоа, Меија, дури ѝ понудил на жената што го контролирала сообраќајот во близина на местото на несреќата, да ѝ испрати фотографии од остатоците на Брајант и другите жртви. На тоа таа одговорила дека тоа не ѝ е потребено и дека делото е неморално. Меија се бранеше велејќи дека љубопитноста го извлекува најдоброто од него и дека сите полицајци се љубопитни.

Меија ги споделил фотографиите со Џои Круз, кој продолжил да ги препраќа дури и на обични граѓани. Така, тој им ги покажал фотографиите на сопственикот на бар и келнерот, а на камерата на објектот може да се види како тој со прстите ја зумира фотографијата за да му ги покаже остатоците за кои верувал дека му припаѓаат на Коби.

Келнерот потоа им ја пренел веста на сите, па дури и се пошегувал на сметка на посмртните остатанки од Коби Брајант. Сопственикот на локалот пак, бил сериозно вознемирен од глетката, како и од целата ситуација. Се чувствувал вознемирено цела ноќ и сметал дека е несоодветно за полицаец да се однесува така и да споделува слики од мртвиот Коби со други, па решил да го пријави случајот кај шерифот, по што наскоро започнала истрагата.

Исто така, Мајкл Расел слушнал гласини дека имало фотографии од телото на Коби Брајант, па посакал да ги има на неговиот телефон, а Круз наскоро му испратил фотографии, кои подоцна почнал да ги споделува со пријателите, вклучувајќи и еден со кој играл видео игри таа ноќ.

Да потсетиме, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, починаа на 26 јануари, откако хеликоптерот Сикорски С-76, управуван од пилотот Ара Зобајан, удри во рид околу Калабазас поради магла.

Според истрагата, виновник за несреќата бил пилотот, кој не се однесувал во ситуацијата како што е планирано.

Покрај Коби Брајант, убиени се и неговата ќерка Џиана (13) и пилотот Аја Зобајан, тренерот на бејзбол Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, Кристина Маузер, која му помогна на Коби да биде тренер на екипата на неговата ќерка, Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон.

Коби и Џиана беа погребани во кругот на семејството, а јавноста сè уште не знае каде е нивниот гроб.