„ОВА Е ЧЕТВРТИ ПАТ ОВАА НЕДЕЛА“: Мила и Ештон СЕПАК ги бањаат своите деца

13 август, 2021
Mila-Kunis-i-Ashton-Kutcher

Иако веќе некое време се пишува дека актерскиот пар, 43-годишниот Ештон Качер и 37-годишната Мила Кунис, имаат проблеми во брачниот живот, тие уште еднаш покажуваат дека кај нив се е во ред – барем од нивна перспектива. Имено, јавноста неодамна беше згрозена од нивната изјава, во која тие посочија дека не ги капат редовно своите деца, шестгодишната ќерка Вајат и четиригодишниот син Димитри. Сега тие одлучија да се пошегуваат на своја сметка, па во таа прилика објавија урнебесно видео на Инстаграм.

Тие објавија видео од бањата, во кое актерката е во преден план, додека нивните деца се слушаат како се капат во кадата во позадина. Покрај тоа, се слуша гласот на Ештон кој го сними целиот настан.

‘Ги полеваш ли децата со вода? Дали сакаш тие да се стопат?’ Ештон се смее додека децата во позадина пеат, а неговата сопруга одговара дека тие ги капат своите деца. „Па, ова е четврти пат оваа недела“, извика актерот, а неговата сопруга низ смеа и солзи се согласи дека е навистина премногу.

Да потсетиме, тие неодамна признаа дека не се тушираат секој ден, а потоа открија дека децата се капат само кога гледаат нечистотија на нив. „Кога ги добив децата за прв пат, исто така не ги бањав секој ден. Немав родители што ме бањаа секој ден, па истото им го пренесов на моите деца. Ние реагираме кога чувствуваме дека нешто смрди. Ако видиме нечистотија, ајде да ја исчистиме. Инаку нема смисла’, изјави таа пред некое време и ја шокира јавноста.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi