„ОВА Е НАЈЛУДАТА ПРИКАЗНА“: Дамијано Давид откри како им го дал името на неговите мачки

23 јуни, 2021
profimedia-0612221881

Дамиано Давид и другите членови на групата Манескин беа гости на каналот Nikki Tutorials, а славната јутјуберка и водител на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија ги нашминка славните Италијанци со кои спроведе интервју во кое тој откри претходно непознати детали за себе.

„Една од моите мачки се вика Биде. Според бидето на кое се мие задникот. Кога ја земав, првиот ден се заглави во бидето и морав да се јавам во противпожарната служба. Дојдоа и ја извлекоа мачката, а еден од нив, кога ја спасија, ми рече дека мора да се вика Биде“, рече Дамијано. Другата мачка се вика Леголас.

Откако зборуваа за многу работи, вклучувајќи ги и мачките на Дамијано, Ники и фронтменот на Манескин зборуваа и за музиката. ‘Ние црпиме инспирација од сите бендови од 70-тите, се разбира, бидејќи тие се најголемиот пример за тоа што може да направи еден бенд. Но, во моментов навистина ни се допаѓа Хари Стајлс – и музички и во однос на неговата естетика.“

escort - Korsan taksi