ОВА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА АЛЕКС РОДРИГЕЗ? По раскинувањето со Џеј Ло, најде утеха во оваа згодна русокоса од која не се разделува

3 август, 2021
Aleks-Rodrigez-0624495704

Алекс Родригез се забавуваше со русокосата Мелани Колинс на Ибица, за која се шпекулира дека е неговата нова девојка, а еве која навистина е оваа убавица.

Пензионираниот атлетичар и поранешен свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез во моментов поминува време на познатиот остров Ибица, каде што беше снимен минатата недела на романтична вечера со атрактивната спортска репортерка Мелани Колинс.

Странските медиуми веќе на големо ја рекламираа плавушата која му го зароби срцето по раскинувањето со латино дивата, и иако не ја потврдија врската, Родригез не се разделува од неа.

Дали е тоа вистинска љубов или само инатење кон Џеј Ло, бидејќи, како што тврдат извори блиски до поранешниот безбол играч, сѐ уште не му е јасно како пејачката можела да продолжи толку брзо.

Исто така, тој беше фотографиран со Мелани за време на викендот на неговата јахта во Сент Тропе, каде таа го привлече вниманието во сино бикини, а фотографиите ги објави Дејли Меил. Интересно е што во тој момент, Џенифер го прославуваше својот роденден на истата локација.

Папараците потоа ги фатија како ги пакуваат куферите во багажникот на автомобилот и заедно ја напуштаат Ибица.

escort - Korsan taksi