Ова сите ги изненади – Џенифер Лопез по раскинувањето на веридбата пронајде утеха во прегратките на славниот глумец кој многу одамна ѝ го скрши срцето!

2 мај, 2021
58

Познатата латино дива Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез неодамна нагло ја раскинаа свршувачката и нивната четиригодишна врска. Во средината на април, тие дадоа официјална изјава во која се наведува дека и двајцата сфатиле дека функционираат подобро само како пријатели.

Актерката неодамна се врати во Лос Анџелес од снимањето на новиот филм „Shotgun Wedding“ во Доминиканската Република, а според американските медиуми, нејзината луксузна вила најчесто ја посетува оскаровецот Бен Афлек, кој неколкупати бил забележан како оди до Калифорниската вила во бел џип, кој наводно е во нејзина сопственост.

Иако поранешната љубовна двојка не беше забележана заедно, извор изјави за магазинот „Page Six“ дека обезбедувањето го зело Афлек недалеку од нејзината вила, а потоа го вратиле по неколку часа поминати во нејзино друштво.

И неколку дена подоцна, на 28 април, Бен Афлек, наводно, бил виден како излегува од нејзината куќа на Bel Air, а на 29 април наутро бил забележан како вози со автомобил кон хотелот Bel Air, каде што бил земен со бел џип .

Го однеле до куќата на Џенифер Лопез, а околу три ипол часа подоцна истиот теренец го врати назад во хотелот.

Бен Афлек и Џенифер Лопез се верија во 2002 година, а медиумите ги нарекоа ‘Бенифер’.

Некогаш најпознатиот sвезден пар ја одложи венчавката во 2003 година, а во јануари 2004 година раскинаа.

Поради раскинувањето со Афлек, познатата музичарка подоцна призна во едно од интервјуата, дека за прв пат почувствувала толку силно дека срцето ѝ е скршено.

По враќањето од снимање во Доминиканската Република, Џенифер Лопез исто така беше видена на вечера со Алекс Родригез на 23 април во хотелот Bel Air, недалеку од нејзината вила од 28 милиони долари, и интересно е како поранешните свршеници излегоа таму на првиот дејт во 2017 година…

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме тоа. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да се поддржуваме едни со други во нашите заеднички работи и проекти. Ние си го посакуваме најдоброто едни на други и на нашите деца. Од почит кон нив, единственото што можеме да кажеме е да им се заблагодариме на сите што ни испратија љубезни зборови и поддршка“, велат поранешните свршеници во заедничката изјава.

Според странските медиуми, неговата афера со 30-годишната Медисон ЛеКрој, sвездата на ријалити шоуто ‘Southern Charm’ е виновна за раскинувањето со Родригез.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi