ОВАА ПРИКАЗНА НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ: Тажната судбина на неговата сопруга го принуди славниот актер да направи нешто незамисливо!

9 јануари, 2021
lijam-nison-natasa-ricardson_1000x0

Една од најтрогателните љубовни приказни сѐ уште носи солзи. Еве што Лиам Нисон беше принуден да ѝ направи на својата сопруга

Годините поминаа, нивните кариери, богатство и слава пораснаа, сите со завист ги гледаа, а тие бескрајно се сакаа. Сѐ до нејзиниот крај.

Лиам Нисон и Наташа Ричардсон важеа за едни од најсреќните парови во светот на славните. Познатите актери беа неразделни со години, а својата љубов и страст не успеаја да ја сокријат ниту на црвениот тепих и во секоја прилика изгледаа волшебно. Но, денес му останаа само спомените од таа убов.

Иако некогаш, Лиам Нисон не беше суперѕвезда како што е денес, тој важеше за голем шармер и заводник. На списокот на познати убавици кои паднале на неговите привлечности се имињата како Брук Шилдс, Јулија Робертс и Барбра Стрејсенд. Затоа не е изненадувачки што Наташа Ричардсон се сети на него кога го подготвуваше мјузиклот „Ана Кристи“. Продуцентите го прифатија нејзиниот предлог, го поканија и останатото е историја.

Двајцата освоија бројни награди и номинација за престижната награда Тони за нивните улоги во оваа претстава, но што е уште поважно, тие ја најдоа љубовта на своите животи. Со години се зборуваше за нереална хемија што владееше меѓу нив, а актерката се разведе од сопругот еден месец откако завршија со изведбата на мјузиклот. Беше јасно дека причината е Лиам.

“Не ми беше лесно кога го запознав. Работев со него. Сѐ се случи толку брзо, стана озборувачка тема. Беше лошо време, но што да кажам? Очигледно беше дека многу се заљубив во него”, рече таа во една пригода.

Таа истакна дека не е љубоморна и дека не и пречи статусот на Нисон како женкар.

„Мило ми е што жените се заљубуваат во него, бидејќи точно знам зошто“, беше искрена.

Кога, набргу потоа, актерот отпатувал во Полска за да го снима филмот „Списокот на Шиндлер“, сфатил колку е силна неговата љубов кон Ричардсон и колку многу му недостасува, па затоа, веднаш по снимањето, се сместија заедно во Њу Јорк, а потоа и се венчаа во 1994 година.

Интересно е што двајцата повторно соработуваа, но овој пат на филм. Во годината кога се венчаа, тие играа во реализацијата на „Нел“, со Џуди Фостер.

Тие добија две деца – едниот син во 1995 година, а другиот веќе следната година.

Живееја живот како од фантазија, сè додека во 2009 година, Наташа не доживеа незгода додека скијаше.

„Разговаравме на телефон и ми рече:„ Мили, паднав малку на снегот. “Така го опиша тоа“, раскажува актерот неколку години подоцна.

Имено, Ричардсон падна на скијачката патека без заштитна кацига, во моментот кога Лиам снимаше филм во Торонто. Тој веднаш побрза да биде со својата сопруга, иако во почетокот беше кажано дека таа е полесно повредена. Сепак, неколку дена подоцна таа паднала во кома поради крварење во мозокот, а апарати ја одржуваа во живот.

„Стоев крај нејзиниот кревет и ѝ реков, иако не ме слушаше, дека ја сакам. Јас ѝ реков:„Драга, повеќе не се враќаш од ова, силно си ја удрила главата“. Си замина. Те враќаме во Њу Јорк, каде ќе ги собереме пријателите и семејството“, рече подоцна Нисон, кој мораше да даде дозвола да се исклучат апаратите.

Двојката долго време имаше договор дека ќе го стори тоа ако некој од нив се најде во оваа ситуација.

„Тоа е она што го направив. Наташа донираше три свои органи, така што во моментов одржува три лица живи. Таа ги даде своето срце, бубрезите и црниот дроб”, рече Лиам пет години по смртта на Наташа.

Како што призна, му било многу тешко да се избори со оваа загуба. Постојано очекуваше да ја види и слушне.

„Во одреден момент, во нашиот стан во Њу Јорк, кога ќе ја слушнам вратата како се отвора, го очекувам нејзиниот глас. Чекам да ги фрли клучевите на масата и да ми го изговори името. Целиот свет се сруши врз мене кога таа замина”, искрен беше актерот.