Памела Андерсон (54) работи на проширување на семејството

3 март, 2021
profimedia-0494035241

Проширувањето на семејството е нејзината голема желба

Поранешната sвезда на хит серијата „Спасувачка служба“ од 90-тите, 53-годишната актерка Памела Андерсон, покажа дека не се откажува од љубовта и покрај многуте љубовни бродоломи што ги доживеа. Само една година откако стави крај на 12-дневниот брак, таа минатата година повторно застана пред олтарот на Бадник со нејзиниот телохранител Дан Хејхурст, кого го засака за време на карантинот. Овие младенци се омилена тема за пишување на таблоидите, па се појавија неколку шпекулации дека Памела е бремена. Таа вест беше потврдено дека е лажна, но сега извор близок до ѕвездата на популарната серија откри дека шпекулациите наскоро ќе се остварат.

Имено, тврди инсајдерот, Памела има голема желба да има уште едно дете, без оглед на возраста. „Пам сака да основа ново семејство со Дан. Би сакала да забремени, но знае дека ќе биде тешко. Сепак, имајќи предвид дека Брижит Нилсен имала дете на 54-годишна возраст, таа е полна со надеж“, открива извор близок до семејството.

Сепак, актерката има и план „Б“. „Тие исто така разговараат со агенциите за посвојување, средуваат документи, но исто така добиваат информации за процесот на сурогат-мајчинство. Би сакале да имаат дете до крајот на годината“, заклучува изворот.

Инаку, актерката, позната по бурниот љубовен живот, е мајка на два сина – 24-годишниот Брендон и една година помладиот Дилан, кои ги доби од бракот со рок-sвездата, пејачот Томи Ли.

escort - Korsan taksi