Панчо – ДНК распука по „килавата власт“ која ја води „северната циркуз држава“: „Мајку ви ваша неспособна, до кога ќе не е*авате?“

4 март, 2021
panco

Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или уште попознат како Панчо од ар ен би дуото ДНК, е познат во јавноста не само по музиката. Заедно со Андреј, својот компањон од дуото, многу често покажале и докажале дека нивните хумани мисии се „повеќе од возможни“, да помагаат, ублажуваат па дури и спасуваат нечии животни судбини.

Голем патриот, кој неизмерно си ја сака својата татковина Македонија, секогаш отворен, искрен, без „влакна на јазикот“ Панчо не се срами да и „плукне на реалноста в лице“, особено ако таа реалност е сурово предизвикана од некој, кој за сметка на сите останати ужива на туѓ грб, при тоа не правејќи ништо освен што безобразно, безобзирно и криминално ги полни сопствените џебови.

Иако, како и на повеќето од народот,  оддамна „му е пукнат филмот“,  Панчо експлицитно и бесно јавно и се обрати  на власта со пишан ферман на својот Фејсбук профил, отприлика  токму во моментите кога владеачкото парарламентарно мнозинство од власта набрзина „шверцерски“ и гласаше „наместена доверба“ на Владата, а со тоа и себе си, без да и остави простор за дебата и забелешки на опозицијата, покажувајќи уште еднаш дека „мува не ги лази“ за никого… освен за себе!

„Па добро бе мајку ви ваша неспособна до кога ќе не е*авате буквално со Е, како бе не ви е срам не ве сфаќам, како е можно да немате грам човечност во вас?

Тврдам дека до сега да имавте ЕДЕН, пази ЕДЕН со малку МОЗОК ќе ја решевте кризава многу одамна како што се реши и држи под контрола во Нов Зеланд, Австралија и Кина од каде и дојде болеста. Прост пример: Затвори се’ 21 ден и отпосле, ставај буквално се’ што влегува во земјава по 14 дена во изолација при влез и тоа е тоа… ПРЕедноставно е. Кога велам ЗАТВОРИ, мислам на ЗАТВРОРИ да важи подеднакво за сите, а не да мижите каде не ви е сигурно и јајцата ви се џамлии.
Ете ви ги хотелите кои поради кризата не функционираат и спроведувајте ги луѓето таму со полиција и нека си го платат и престојот зошто вие 100% не може и не сте способни да им го обезбедите затоа што поважни ви се бифтеците, лешниците и бадемите за вашите газови. Проста логика еве поправете ме ако грешам.

Ќе каже некој ама не може така, ама знаеш индустријата, економијата, бла, бла, бла… Чекајте бе луѓе, 12 месеци животариме тоест не живееме, а мала земја сме и е многу лесно да ја контролираш, исчистиш и да функционираш внатре, ама за тоа треба МОЗОК и желба. За вакцините не ни сакам да зборам, на еден обичен трговец од Кванташки пазар да му дадевте задача ќе ви ги испорачаше до сега #РЕАЛНО.
Жално за сите нас кај живееме и многу нормално е да се нема доверба во ниту еден политичар, дека вие не сте политичари туку себични луѓе кои најбитно и примарно ви е да си ги обезбедите финансиски вашите 2-3 поколенија, а визијата за напредок на земјата и граѓаните кои ве гласале е сведено на една голема НУЛА. Срам сте голем и немој да мислите дека некој се’ уште ви верува.
Циркуз држава“ – со овие зборови Панчо им се обрати  на  „килавата власт“ која ја води „северната циркуз држава“!


Преземено од vistina.com.mk
escort - Korsan taksi