ПАПАРАЦО СЛИКИТЕ НЕ ЛАЖАТ: Еве како навистина изгледа најплатената манекенка на светот

29 август, 2021
Kendall-Jenner

Кендал Џенер во моментов е една од најплатените манекенки која е под будното око на папараците каде и да оди, а сега е фотографирана додека се одмара на јахта каде уживаше во друштво на своето момче Девин Букер.

Ова беше еден од ретките прилики кога луѓето имаа можност да ги видат вистинските папарацо фотографии, а не на Инстаграм или на списанија со добро осветлување, одлични пози, а често и Фотошоп.

Згодната Кендал носеше минијатурно бикини со цветен принт, а овој модел го сакаат сите сестри Кардашијан. Нејзиното бикини открива повеќе отколку што покрива и долниот дел е споен со две нишки тенки како конци.

Во него, таа истакна витко тело со рамен стомак и долги нозе, и еден поглед на фигурата на оваа убавица и јасно е зошто е една од најбараните модели на денешницата, рамо до рамо со Бела и Џиџи Хадид.

Инаку, Кендал и кошаркарот на НБА се заедно од јуни 2020 година, но нивната врска ја открија само на Денот на вљубените оваа година. Тие ретко објавуваат фотографии на социјалните мрежи, но честопати се појавуваат заедно во јавноста.

Многумина исто така се прашуваа зошто Девин не се појави во ниту една епизода од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, а продуцентите открија дека ова е правило на 25-годишната девојка-таа не го покажува својот партнер ако била со него помалку од една година.

Кога во јавноста стигна веста дека се во врска, Кендал се најде на удар на критичарите на социјалните мрежи, а сето тоа поради големиот број кошаркари со кои беше поврзана.

Имено, пред Букер, кој моментално игра за Феникс Санс, атрактивната бринета се забавуваше и со Бен Симонс. Исто така, се зборуваше дека била со кошаркарите Џордан Кларксон и Блејк Грифин. Затоа, троловите на Интернет прилично сурово заклучија дека „кошаркарите си ја пренесуваат едни на други како топка“.

escort - Korsan taksi