Пејачката ги подели обожавателите, Тијана Дапчевиќ со крената нога порача: “Не се палете“!

31 мај, 2021
tijana

Пејачката Тијана Дапчевиќ (екс Тодевска) веројатно за да им ја затвори устата на озборувачите и во Србија и кај нас во Македонија дека не била женствена, дека е постојано во панталони како некоја “Анка машкуданка“, се сликаше во кус црн фустан, со долга коса и во провокативна секси поза.

Фановите веднаш ја охрабрија велејќи дека вака треба да продолжи, дека нејзиниот таканаречен машки имиџ од кој не излегува навистина им здодеал, па сакаат да ја видат и кога ќе крене една нога, зашто тоа било од нејзина страна многу еротски, со вкус.

Но како и секогаш кога Тијана е во прашање и сега има такви кои ја исплукаа, па ги подели обожавателите во два табора, едните “за“, другите „против’…“Не се черепи, не ти стои“; “Вака во тоалет да се сликаш“; “Што се замислуваш дека си секси“; “Да сум ти маж од дома би те исфрлил“…
На таквите Тијана мртва ладна само им “спушти“ со еден оригинален коментар: “Не се палете, ова е перика на мојата глава, а ако не ви се гледа, гледајте се самите“! 

Преземено од vecer.press