Пејачката со скршено срце: „Ја изгубив најдобрата пријателка“

9 јануари, 2021
profimedia-0498193244

Тоа беше неопислива љубов

„Во моментот кога го издиша последниот здив, реков ѝ „благодарам“ безброј пати“, е една од речениците во емотивната порака што пејачката ѝ ја испрати на јавноста откако почина нејзиното куче Мери Џејн. Американската пејачка и поранешна sвезда на серијата „Хана Монтана“, 28-годишната Мајли Сајрус, минува низ тежок период. Како што и самата истакна, со заминувањето на ова куче кое беше со неа последните 10 години, таа го загуби својот најдобар пријател.

„Секој што ме познава добро знае дека мојот најдобар пријател беше вдомена питбул кучка по име Мери Џејн. Пред нешто повеќе од една година, ѝ беше дијагностициран тумор и оттогаш има здравствени проблеми. Ми рекоа дека нема многу време, па го искористив секој момент да бидам со неа. Таа беше со мене во последните 10 години “, започна Мајли со скршено срце.

Таа продолжи да објаснува колку ова куче ѝ помогна да не го зема животот „здраво за готово“. „Со неа никогаш не заборавив што ми донесе, каков подарок донесе во мојот живот. Таа на некој начин беше куче со крилја. Во моментот кога го зеде последниот здив, ѝ реков „благодарам“ на безброј пати – за сè што беше. Таа беше повеќе тука за мене отколку пријател или член на семејството. Воопшто не можам да ја опишам, неопислива љубов“, напиша пејачката и конечно призна дека веќе се чувствува многу осамено. „Да се ​​помине оваа болка без неа е многу тешко“, заклучи Мајли, која ѝ посвети песна што ја напиша на своето куче пред неколку години.

За жал, за само неколку месеци, ова е втора голема загуба на Мајли. На крајот на август минатата година ја изгуби нејзината баба Лорет Финли. „Иако те нема … Ништо не се смени, ниту ќе се промени. Ти засекогаш ќе бидеш моја инспирација и модна икона. Дури и повеќе од тоа, ти си мојот пример за тоа како да бидеш светла во овој мрачен свет. Ти си зраци на сонцето. Секојпат кога ќе се разбудам и ќе го видам сонцето, ќе го гледам твоето лице ’, напиша тогаш, меѓу другото,Мајли.

escort - Korsan taksi