ПЕСНА ЗА ДИЈАНА Еве што се крие зад стиховите покрај статуата на покојната принцеза

5 јули, 2021
profimedia-0619017457

Тоа е поема прочитана на комеморативната миса за Дијана во 2007 година.

Принцовите Вилијам и Хари во четвртокот ја открија статуата на покојната мајка принцезата Дијана, по повод нејзиниот 60-ти роденден. Под статуата во градината на палатата Кенсингтон е врежана песната „The Measure of A Man“ која во 2007 година беше исто така дел од спомен-обележјето за покојната принцеза. Стиховите кои се врежани: „Ова е мерка за вредноста на жената како жена, неповрзана со нејзиното раѓање. Не е важно каде жеивеела, туку дали имала срце, како ја „играла“ улогата што Бог ја има наменето за неа…“Авторот на песната е непознат, но популарните стихови обично се читаат на погреби за да ги потсетат присутните на личноста која починала.

Во заедничката изјава, Вилијам и Хари рекоа: „Денес, на денот на 60-от роденден на нашата мајка, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети што ја направија сила на доброто низ целиот свет, што промени безброј животи на подобро. Секој ден сакаме таа сè уште да беше со нас и се надеваме дека оваа статуа засекогаш ќе се гледа како симбол на нејзиниот живот и наследство“.

Од палатата Кенсингтон рекоа дека целта на статуата на Дијана е да ја пренесе топлината, елеганцијата и енергијата на Дијана со нејзината работа и влијанието што го имала. Ликот на принцезата од Велс е опкружен со две деца кои претставуваат универзалност и нејзиното влијание врз многу генерации. Палатата Кенсингтон каде што некогаш живееше принцезата Дијана нуди отворена врата за пошироката јавност, а нејзините многубројни обожаватели едвај чекаа да ја видат новата статуа во градината на палатата.

escort - Korsan taksi