По 4 месеци, Џиџи Хадид го откри името на својата ќерка: Има потекло од Виетнам и моќно значење!

22 јануари, 2021
gigi-hadid-2-830x0

Познатата манекенка го откри интересното име што таа и нејзиниот партнер и го дадоа на својата миленичка

Американската манекенка и супермодел Џиџи Хадид (25) конечно го откри името на нејзината ќерка, која ја роди во септември 2020 година.

Имено, славната манекенка на фановите им го откри името на својата мила, која го доби со пејачот и поранешен член на групата „One Direction“, Зејн Малик (28).

Познатата манекенка ја смени биографијата во описот на профилот и го напиша името на бебето на социјалната мрежа Instagram, каде ја следат 62,9 милиони следбеници.

„Мајка на Каи“, напиша таа.

Имено, бебето се вика Каи, а нејзиното име е од виетнамско потекло и значи „силно“ или „избрано“.

Двојката ја сподели веста четири месеци по раѓањето на бебето, а фановите се пресреќни што конечно го дознаа името на девојчето.

Џиџи навистина ужива во улогата на мајка и често објавува фотографии со своето дете, на кои сè уште го крие лицето на бебето, а кои можете да ги видите во галеријата во текстот.