По долгото отсуство повторно „на местото на злосторството“: Амал и Џорџ Клуни со близнаците побегнаа во Италија

10 јуни, 2021
1477848

Дали има подобра причина за семејно патување во куќата што ја поседуваат на италијанското езеро Комо, отколку четвртиот роденден на нивните близнаци Ел и Александар. Неодоливите деца го прославија својот роденден во неделата на 6 јуни, уживајќи во сите придобивки на вилата лоцирана на езерото.

Заради пандемијата, семејството на Џорџ Клуни веќе долго време е далеку од Италија, земјата што многу значи за него и неговата Амал, бидејќи тие таму ја легализираа својата врска, а некои од најубавите денови ги поминаа во вилата на Езерото Комо.

Amal Clooney, George Clooney

Затоа не е изненадување што соседите едвај чекаа семејството Клуни да се врати во нивната вила, а добро упатен извор за магазинот „Пипл“ изјави дека 60-годишниот оскаровец Џорџ Клуни и неговата сопруга, познатата адвокатка за човекови права Амал, пристигнале во петокот во неговата вила за одмор.

Со нив биле и нивните близнаци, синот Александар и ќерката Ел, кои таму го прославија четвртиот роденден во неделата на 6 јуни.

Amal Clooney, George Clooney

“Минатото лето не беа на езерото Комо и ова е првпат во последните две години да бидат повторно во Италија. Изгледаа пресреќни што повторно се тука, а нивните пријатели, со кои не се видоа поради пандемијата, беа пресреќни што пристигнаа“, открил добро информиран извор.