ПО ЕДНА ГОДИНА ОДЛОЖУВАЊЕ, ЕВРОВИЗИЈА ВО РОТЕРДАМ ОТВОРЕНА СО ТИРКИЗЕН ТЕПИХ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

18 мај, 2021
vasil evrosong

Васил ќе пее на првата полуфинална вечер (Фото: Фејсбук)

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, и официјално го отвори 65. издание на Евровизија, кое требаше да се одржи лани, но беше одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Организаторите и оваа година се соочија со слични предизвици, но, сепак, дозволија да има публика во ограничен број на финалната вечер на 22 мај, а се одржа и дефилето на учесниците, овојпат на тиркизен, место црвен тепих. Меѓу нив беше и македонскиот претставник Васил Гарванлиев, повторно со круна на главата како и пред две години, кој ќе пее на првата полуфинална вечер.

Васил на тиркизниот тепих (Фото: Фејсбук)

Осумнаесетгодишната Дестини од Малта не само што е најмладата учесничка на годинашната Евровизија, покрај Гркинката Стефанија, туку важи и за една од најголемите фаворитки. Друга мала држава за која доста се зборува е Сан Марино поради најавеното гостување на популарниот американски рапер Фло Рајда, кој засега не се појавил во Ротердам.

Барбара Прави (Франција) во креација на „Кристијан Диор“

Високо котира и Французинката со српски корени Барбара Прави, чие вистинско презиме е Пјевик, односно Пјевиќ, додека Белгија го испрати едно од своите најпознати музички имиња, трип хоп бендот „Хуверфоник“, кој пред две години одржа два концерта во Скопје.

„Хуверфоник“ (Белгија)

Ефенди (Азербејџан)

Албина (Хрватска)

Сенхит (Сан Марино)

Стефанија (Грција)

Саманта Тина (Летонија)

Викторија (Бугарија)

„Харикејн“ (Србија)

Преземено од smart.sdk.mk