По осум несреќни врски, Кајли Миног (52) се вери со креативниот директор кој исто така ѝ е добро познат на јавноста!

5 февруари, 2021
o_10049347_1024

„Сретнав некој со кого конечно се чувствувам добро. И се чини дека сè е како што треба “, откри пејачката

Откако на актерката Били Пајпер, блиска пријателка на Кајли Миног, во интервју за едно списание ѝ се испушти информација дека австралиската пејачка и креативниот директор на британското издание на магазинот GQ и GQ Style, Пол Соломонс, се „вереници“, маќеата на Соломонс, Глорија го потврди ова која се јави од нивната семејна куќа во селото Ланбрадах лоцирано во Јужен Велс, северно од градот Каерфили. Таа изјави дека е воодушевена и пресреќна поради свршувачката и дека има чест да ја запознае Кајли.

– Таа е убава, и тоа е многу возбудливо. Но, не можам да ви кажам ништо повеќе затоа што ми рекоа да не кажувам ништо. Премногу ги почитувам синот и Кајли за да не ги слушам – дамата, која е во брак со таткото на Пол, Марк веќе 41 година, се воздржа од откривање детали за нејзината идна снаа во разговорот.

Таа додаде дека нема идеја каде и кога ќе се одржи венчавката.

Новинарите ја контактираа сестрата на Пол, Никол и нејзиниот сопруг Ивор Џонс, кои исто така потврдија дека ја запознале Кајли и дека таа е „апсолутно прекрасна“, но им било забрането да откриваат детали.

„Дајте ни еден милион фунти за да можеме да ви кажеме нешто“, се пошегува идниот зет на Кајли.

Атрактивната 52-годишна музичка sвезда и 48-годишниот Пол, медиумски магнат, се во врска од летото 2018 година. Да потсетиме, Кајли раскина со Џошуа Сасе во февруари 2017 година, наводно поради неговата измама.

– Запознав некој со кого конечно се чувствувам добро. И се чини дека сè е како што треба – рече заљубената пејачка минатата година во интервјуа.

Во едно интервју, таа потврди како ја чувствува таа позната хемија, пеперутки во стомакот и сè што оди со тоа. Се заљуби во Соломонс над ушите, призна таа.

– Сите мои пријатели ми рекоа дека се однесувам поинаку, тогаш сфатив дека нешто се случува. Затоа што, мислев дека сум само некако кул, но излегува дека не било така – рече таа.

Исто така рече дека таа и Пол се запознале на инсистирање на заеднички пријател кој сакал да ги спои и дека еден пријател ја убедувал долго време да излезе со Пол.

– Во тоа време не бев заинтересирана да запознаам нови луѓе, затоа секогаш одговарав: „Да, но не сега, еден ден, можеби“. Како и да е, некако се случи еден ден, се поврзавме и се допаднавме еден на друг – рече таа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum