По загубата на детето, семејството на Џон Леџенд претрпе уште една трагедија

3 февруари, 2021
John Legend

Музичарот објави на социјалните мрежи

Пејачот Џон Леџенд и неговата сопруга, манекенката и водителка Криси Тајген, доживеаја трагедија која одекна во јавноста кон крајот на септември минатата година. Имено, во петтиот месец од бременоста го загубија синот Џек. Само што повторно ‘застанаа на нозе’, ова семејство го потресе уште една трагедија. Имено, на 92-годишна возраст, само неколку дена по прославата на роденденот, бабата на музичарот почина.

Тажната вест Џон ја сподели со бројните обожаватели на Инстаграм, каде објави неколку фотографии од својата сакана баба. На една позираат заедно. „Мојата прекрасна баба, Марџори Максин Стивенс, го напушти овој свет рано наутро, само неколку дена по нејзиниот 91 роденден“, започна пејачот.

”Ние сме толку благодарни за животот што го живееше, за љубовта што ја сподели со многуте деца, внуци, правнуци и сите други. Таа беше најгрижливата и најсовесна баба што можете да ја замислите. До последните денови ни испраќаше роденденски честитки ’, продолжи скршено Џон.

”Ние секогаш го славевме Божиќ со неа, сè додека не бевме толку многу, што повеќе не нѐ собираше сите во нејзината розова куќа во Спрингфилд. До последните моменти беше активна, полна со љубопитност и енергија. Таа секогаш имаше приказни за раскажување и зборови на поддршка и љубов. Безрезервно нѐ поддржуваше во сè. Драго ми е што имаше можност да ги види плодовите на сè што ни даде. Таа го обиколи светот со нас, отиде со мене на моите први Греми награди. Ние сме семејството кое сме, поради љубовта што ја ‘истури’ во нас. Тажни сме затоа што ја изгубивме, но повеќе од сè го цениме исполнетиот, благословен живот што го водеше. Нека почива во мир после нејзината прекрасна трка ‘, заклучи Џон.