Почина девојката на Бонд и ангелот на Чарли, која сите ја знаат по улогата во омилената хумористична серија

4 јануари, 2021
Screenshot_1

Тања Робертс почина на 65-годишна возраст во калифорниска болница откако сПочина девојката на Бонд и ангелот на Чарли, кои сите ги знаат по улогата во саканата хумористична серијае падна во нејзиниот дом на Бадник.

По прошетката со кучињата на Бадник, таа паднала во нејзиниот дом и била итно хоспитализирана и ставена на респиратор, но нејзината состојба не се подобрила и починала во болницата во Калифорнија. Портпаролката на актерката им потврди на медиумите дека нејзината смрт не е поврзана со коронавирусот.

Робертс беше ангел на Чарли во ТВ сериите од 70-тите години на минатиот век, девојка на Бонд во филмот „Поглед на убиството“ со Роџер Мур и мајката на Дона Пинциоти во серијата „Луди седумдесетти“, Миџ.

Родена како Викторија Ли Блум, Тања глумеше во многу други филмови и серии, а својата прва улога ја направи во хорор филмот „Присилно влегување“ од 1975 година. Таа имаше завидна манекенска кариера и во 1982 година позираше за Плејбој.

Немаше деца, а од 1974 до 2006 година беше во брак со актерот Бери Робертс.

escort - Korsan taksi