ПОЧИНА ТАПАНАРОТ НА РОЛИНГ СТОУНС: Чарли Вотс ја загуби битката за живот во лондонска болница

25 август, 2021
124752_h-52782548_f

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина на 80 -годишна возраст, изјави неговиот публицист.

– Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Чарли Вотс – се наведува во соопштението што го пренесе „BBC“.

– Почина мирно денеска во лондонска болница, опкружен со своето семејство – се наведува во соопштението.

Во него се вели дека тој бил „драг сопруг, татко и дедо“ и „еден од најголемите тапанари на неговата генерација“.

Во соопштението се додава: „Љубезно бараме да се почитува приватноста на неговото семејство, членовите на бендот и блиските пријатели во ова тешко време“.