Подметнат пожар во вилата на Бионсе

24 јули, 2021
Beyonce-i-Jay-Z

Изби пожар во куќата на Бионсе и Џеј Зи во Њу Орлеанс за кој по увидот е утврдено дека бил подметнат.

Полицијата примила дојава за сомнително лице забележано на приватниот имот во моментот кога дошло до пожар. Куќата во тој момент била празна.

Пожарникарската служба открила дека пожарот избил во кујната, во која е пронајдена запалена хартија. Во извештајот стои и дека во куќата е пронајдена лименка за бензин.

„Да не стигневме толку брзо, ситуацијата можеше да биде многу лоша. Тоа е историска градба“ – изјави портпаролот на пожарникарската служба за New York.

Вредноста на вилата на Бионсе е околу 2.4 милиони долари.

escort - Korsan taksi