Погледи во магла: Антониа Гиговска како риба во мрежа… под која не носи ништо? (ФОТО)

21 јуни, 2021
gigovska

Откако Антониа Гиговска ја започна програмата за нов начин на живот кога е во прашање исхраната а и активното вежбање,  како што и самата пејачка вели, а се потврдува од прикажаното,  успеала да симне дури 25 килограми. И сега веќе нема потреба , а и самата кажува дека повеќе нема да слабее… И не треба!

Она што е остаток од телесна маса на неа е извонредно извајано тело, доволно бујни атрибути и естетско разубавување на ионака убавата мала русокоса!

Шминка и фризура кај најдобрите и тетоважа под градите, колку за да ја потсетува да не ја губи самодовербата. А кога сте така убави, згодни, сексапилни и  самоуверени, сите погледи во вас се вперени!

И оние женските кои ја мерат и споредуваат сопствената убавина со вашата, па онака лицемерно под мустаќ или зад насмевката ја кријат љубомората или оние „влажните машки“ погледи на вака раскошна убавица од која „паѓа вилица“ кога ќе ја видиш… Ама затоа расте нешто друго… Адреналинот, копнежот и желбата да ја запознаеш, на пример!?

А како и не би кога Антониа Гиговска и буквално е „риба на суво“… И тоа во мрежа, под која не носи ништо? Така барем изгледа на најновата серија фотографии споделени на нејзиниот Инстаграм.

Во црн стреч топ со долги ракави  и кожно, розово фустанче на д колена, одстрана „исшнирано“ со врка која ги открива голите колкови, кои  покажуваат и фактички, дека русокосата не носи гаќички? Барем вака отстрана гледано, на фотографија!

Со или без долна облека на неа, Гиговска изгледа совршено без маана, а гаќичките се само резултат на различна перцепција или смела модна концепција? А можеби и на фотошоп, оптичка илузија или фатаморгана?

Или тоа се само „погледи во магла“, како најава за нејзината истоимена нова песна која излегува наскоро, па Антониа вака разолена кокетира и заведува како увертира на она што наскоро следува?!

Патем, прегратките со момчето до неа, создаваат дополнителна дилема, дали пејачката е во нова љубовна шема? Или не значат ништо, зашто ако веќе треба да се открие идентитетот, се работи за млад, (веројатно нејзин личен) фитнес тренер!

Конечно под „нечија палка“ Антониа мораше да знае и умее како да слабее, а сега како да ја сочува, одржи и надгради својата линија, па затоа е фер, малку да се изрекламира и својот фитнес тренер!

Преземено од vistina.com.mk