Погледнете како изгледаше синоќешната спектакуларна промоција на македонскиот акциски серијал „BLACK OPS“

15 јуни, 2021
trejler

Во Скопје вчеравечер премиерно беше прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена „BLACK OPS“.

Многу познати македонски имиња, меѓу кои и David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов – ќе бидат дел од овој акциски серијал.

Имено, премиерата на трејлерот на „BLACK OPS“ беше одржана во Синеплекс, а сите учесници во серијалот, со лимузина се упатија кон „Сити мол“. Таму ги пречекаа поддржувачите на претстојната серија, а актерите продефилираа и на црвен тепих кој беше поставен токму пред Сити мол.

Инаку, серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски).

„Black Ops“ е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.


Преземено од tocka.com.mk