ПОЛИЦИЈАТА САКАШЕ ДА ЈА ПРЕТРЕСЕ КРАЛИЦАТА! Се сомнева дека Елизабета Втора крие украдени артефакти!

26 март, 2021
Tan2018-5-19_141023301_0_1000x0_1000x0

Британската полиција не смееше да изврши претрес на приватниот имот и недвижностите на британската кралица Елизабета Втора во потрага по украдени историски предмети, откако министрите направија исклучок за неа во законот што го штити светското културно наследство.

Имено, Бакингемската палата и владата одбија да кажат зошто било потребно да се направи таков исклучок во 2017 година и да се спречи полицијата да ги пребарува имотите Балморал и Сандрингем, објави Гардијан.

Портпаролот на кралицата ги отфрли сите инсинуации дека украдените предмети биле на приватниот имот на британската кралица.

Министерството за дигитални медиуми, култура, медиуми и спорт (DCMS), кое и дозволи на кралицата исклучок во законот во овој случај, одби да каже дали одлуката е донесена на предлог на советниците на кралицата или министрите.

DCMS, исто така, ги чува во тајност мејловите што може да откријат зошто на кралицата и е даден имунитет од овој закон.

Како и да е, документите до кои дојде Гардијан врз основа на законот за слобода на информирање сугерираат дека Министерството со внимателни зборови во законот ја прикрило причината за исклучокот.

Британскиот дневен весник бараше документи како дел од истрагата за таканаречената согласност на кралицата, нејасен парламентарен механизам што му дава на монархот детален увид во законите што треба да се предложат, вклучително и оние што влијаат на јавната функција, приватниот имот и личните интереси

Гардијан објави документи во февруари кои покажуваат како кралицата го користела механизмот тајно да лобира кај министрите за промена на законот.

Во еден случај, законот бил изменет за да се прикрие непријатното приватно богатство од јавноста, на иницијатива на нејзиниот приватен адвокат.